Искусниот стратег Зоран Стратев ќе биде повремен селекторо на македонската фудбалска репрезентација. Местото селектор остана празно откако досегашниот Чедомир Јаневски потпиша договор со белгискиот прволигаш Монс.

Мисијата на Стратев на селекторската функција ќе биде да се избегне последното место во групата, која според него Македонија не го заслужува. До крајот на квалификациите за мундијалот во Бразил репрезентација има две гостувања и тоа во Велс и Србија.

Македонија со седум бодови од осум средби се наоѓа на претпоследната позиција, која сеуште „виси“. В.Д. селекторот ќе мора одма да се фати за работа бидејќи дебито ќе го има на 11 октомври против Велс.

Мх.П.