Под будното око на координаторот во младинските селекции, Зоран Стратев кандидатите за фудбалската паралелка одиграа контролни натпревари.
Поради големиот број на пријавени, дечињата одиграа два натпревари за што подобро да се оцени нивниот квалите.
– Има голема желба и квалитет кај сите дечиња и сигурно дека во Охрид ќе функционира одлично фудбалската академија. Целта на оваа академија да избереме, а потоа и да создадаме фудбалери кои ќе ги бранат боите на Македонија – рече Стратев.
Охрид е само дел од неколкуте градови во Македонија кои ќе добијат академии во два спортови.
– Охрид има одлични предуслови за вакви академии и уверен сум дека ова ќе биде нов успешен почеток за спортот во градот и Македонија – додаде Стратев.
Мх.П.