Стратегијата за рамномерен регионален развој ќе започне да се имплементира од јануари 2008 најави во Охрид министертот за локална самоуправа Абдираман Мемети, кој учествуваше на трибината посветена на развојот на Југозападниот плански регион.
Законот за рамномерен регионален рзвој е во завршна фаза а во моментов се изготвуваат подзаконските акти, информираше Мемети. Тој посочи дека имплементацијата на стратегијата за рамноправен регионален развој ќе биде сложен процес, кој треба да им помогне на општините полесно да стигнат до ЕУ фондовите.
Во моментов постои голема диспропорција во развојот и капацитетите на општините во речиси сите региони во земјата и затоа е потребно да се изгради систем на организирано заедничко планирање и дејствување, рече Мемети.
Општините ќе треба да ја усогласта сопствената
со националната стратегија за развој
Градоначалниците од југозападниот плански регион го поздравуваат донесувањето на стратегијата за рамноправен регионален развој, но предупредија дека таа не ќе може да се имплементира доколку не се деблокира и забрза процесот на децентрализација.
Ниту една општина од југозападниот плански регион не е влезена во втора фаза на децентрализација, посочи градоначалникот на Охрид.
На трибината посветена на Законот за рамномерен регионален развој учествуваа градоначалници и претставници на општините од југозападниот регион. Целта на ваквите трибини е да се презентираат законските решенија и да се утврдат приоритетите кои треба да ги содржи стратегијата за рамномерен регионален развој, која државата ја изготвува со подршка на Германското друштво за техничка соработка.
Г.М.