ФФМ ја презентираше Стратегијата за борбата против насилството на фудбалските терени изготвена на иницијатива на УО. Целта на оваа Стратегија е да се сведе на минимум насилното однесување на навивачите но и на директните учесници во фудбалскиот спорт.

Преку трибини, работилници, спотови, рекламен материјал ФФМ заедно со останатите субјекти, како невладини организации, МВР, Агенцијата за Млади и Спорт, училиштата и др. ќе се обиде да допре до навивачите и да ги информира за одговорноста што ја имаат како посетители на фудбалските натпревари но и пред Законот за спречување на насилството во спортот и кои можат да бидат последиците од хулиганското однесување.

ФФМ ќе се залога преку измени во законските акти најстрого да се санкционираат девијантните однесување, практика што досега не заживеала во Македонија иако сме сведоци на насилно однесување, но и со промени во правилниците во фудбалската организација и едукација да влијае и врз директните актери на теренот да го променат своето однесување кое честопати негативно се рефлектира врз однесувањето на трибините.

ohridnews