Двајца млади љубовници од Германија со огромна страст уживале во прегратките на една железничка станица, паднале на пругите и едвај останале живи при налет на воз.


Љубовниците биле во жестока прегратка на перонот во Офенбах и во еден момент заедно паднале на пругите. Машиновозачот ги видел, но не успеал на време да сопре.

Парот сепак имал многу среќа во несреќата, бидејќи стигнал помеѓу пругите, соопштила германската полиција. Момчето, 20-годишник од Офенбах, поминал со изгребаници.Неговата 18-годишна девојка доживеала шок.