Во Арт киното на Центарот за култура во Струга, денеска ќе биде прикажан видео записот на музичкиот ораториум “Страстите по Матеј” на Епископот ИЛАРИОН АЛФЕЕВ.

Музичкиот ораториум е изведен од Чајковски симфонискиот оркестар, Хорот на Третјаковската галерија и познати руски солисти, раководени од диригентската палка на светски познатиот маестро Владимир Федосеев. Федосеев за делото на Епископот ИЛАРИОН ке изјави: “Авторот на ова дело се свртил кон душите човечки, се свртил кон Вечната книга – Евангелието…тоа е музика што проникнува во душата на секој човек.”

Епископот ИЛАРИОН АЛФЕЕВ е роден во Москва, 1966 година. Студирал виолина и композиција на Конзерваториумот Чајковски во Москва и бил еден од најдобрите студенти во историјата на оваа институција. Студиите ги прекинува и се замонашува. Веднаш потоа ја завршува Московската духовна семинарија и дипломира и магистрира на Теолошката академија во Москва. Докторира филозофија на Оксфорд во 1995 година. Во 2001 е избран за епископ на Руската православна црква и претставник на Руската православна црква во европските институции во Брисел. Во 2003 година е избран за епископ Виенски и Австриски. Автор е на повеке од 600 публикации.

Ohridnews