Четири месеци после несреќата и падот од петти кат капитенот на женската ракометна репрезентација Робертина Мечевска се чувствува многу подобро и веќе и се стабилизира нејзиниот организам.

– Немам веќе проблеми со дишењето, а и болките се намалуваат. Најлошото помина сега пред мене престои период каде треба да се потполно да се опоравам. Секојдневно добивам нови совети од докторите на кои им го должам животот. Нивната брза реакција во критичните моменти мене ми даде уште една животна шанса и бескрајно ќе им бидам благодарна до крајот на животот. – рече Мечевска.

Присуството на кампот одново ја разбуди страста кон ракометот во Мечевска. Таа разменуваше совети со дечињата и тренерите, а еден посака да биде тренер на екипа, а сонот сака да и се оствари водејќи некоја А селекција.

– Не сакам никако да се одделам од ракометот. Незнам дали ќе можам уште еднаш да играм ракомет, но со сигурност ќе останам да работам во него. Со моето речиси дваесет годишно искуство можам многу да им помогнам на сите оние кои се расположени за соработка. Детскиот сон си го остварив играјќи професионално ракомет, а сега новиот ми е да бидам добар и врвен тренер. Патот во тренерските води е многу потежок од ракометниот, но јас сум подготвена и ветувам дека еден ден ќе го сторам и тоа. – додаде популарната „Роби“.

Ракометот е прва љубов на Мечевска, но голема желба секогаш разгорувале велосипедизмот и планинарањето. Во недостиг на време во текот на кариерата овие два спортови останувале во сенка на ракометот.

– Скоро никогаш немав време да се посветам на велосипедизмот и планинарањето поради збиениот распоред со ракометот. Се уште неможам да возам точак, но затоа направив подгив искачувајќи го врвот Црна Камен на Јабланица висок 2,258 метри. Докторите ми забранија да имам физички активности, но јас со помош од мојот брат кој констатно внимаваше на мене го искачивме највисокиот врв во Македонија. И во планинарањето имам еден сон, а тој е да го развеам македонското знаме на Монт Еверес. За таму ми требаат добри подготовки кои можат да траат и до две години. – заврши Мечевска.

Покрај екс ракометарка на Вардар на кампот на Лекиќ во Охрид и се приклучи новата членка Сања Дамњановиќ, која одработи еден тренинг со дечињата. Таа со „црвено црните“ потпиша две годишна соработка.

Мх.П.