Малку недостигаше новата сезона во Рели ВРЦ шампионатот да започне со фатални последици за естонскиот возач От Танак и Мартин Јарвеоја. Бранителот на трофејот во Рели ВРЦ шампионатот и неговиот колега излетаа од патот со голема брзина и се превртеа неколку пати. Двајцата возачи хитно беа пренесени во болница. После извршените детални прегледи двајцата ќе бидат пуштени од болницата.

OhridNews