-Пациентот беше примен во арефлексна кома и со тешка повреда на кичма. Ивршена е реанимација, но за жал истиот од тешките повреди почина околу 22 часот, изјави за OhridNews, д-р Сашо Василески.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здоби Н.Р. (31) жител на Охрид кој се наоѓа во болницата „Св.Еразмо“.
Сообраќајната незгода се случила во моментот кога моторцикл марка „Јибен“ на кој се превезувале сите три лица, управувано од сега починатиот Горан С. движејки се по улицата „Абас Емин„ во правец кон „Железничка„ и приклучување на улицата, при што, дошло до директен судир со товарно возило марка „Мерцедес-Бенз„. Товарното возило, се движело по улицата „Железничка„ од правец на Автобуската станица кон Подмољје.
На местото на случената сообракајна незгода, полициски екипи, извршија увид во присуство на Истражен Судија и Јавен Обвинител при Основниот Суд во Охрид.