Најмалку седум лица ги загубија животите во страотната железничка несреќа што рано утрпово се случи во североистична Бугарија.
Повредени се дваесеттина лица, но се стравува дека бројот на загинати може да се зголеми бидејќи товарниот воз кој превезувал течен гас се превртек во населено место i експлодирал, изјави премиерот во оставка Бојко Борисов.
Во експлозијата се уништени дваесетина објекти.
На терен се спасувачки екипи, а властите упатија апел до локалното население да дарува крв. Засега не се познати причините кои довеле до несреќата.
OhridNews
фото:News.bg/Makfax