Трагично заврши екскурзија на ученици од Белгија, кога еден од автобусите со кои се превезувале од засега непознати причини се заби во бетонски ѕид во тунел во Швајцарија, при што животот го загубија 28 лица, од нив 22 се деца. Останатите 24 патници се повредени, а три деца се во кома. Повредените со хеликоптери се пренесени на лекување во четири болници во Берн и Лозана.


Родителите на учениците се во шок затоа што не се знае идентитетот на жртвите. Тие со специјален авион вечерва пристигнаа во Швајцарија по одговор што се случило со нивните деца.

Според првичните информации од истрагата, како што пренесуваат светските медиуми, автобусот не се движел со брзина поголема од дозволената што било утврдено со проверка на тахографот. Во моментот на несреќата условите на патот биле нормални, а во тунелот на критичното место немало други возила. Сведоци изјавиле дека автобусот наводно најпрвин го закачил левиот ѕид по што возилото скршнало десно ја закачило банкината и директно се забило во бетонски ѕид.


Видео симулација

Учениците се враќале од скијање кога се случила несреќата. Швајцарската полиција ги истражува причините кои довеле до големата трагедија. Белгискиот премиер Елио ди Рупо прогласи национална жалост во земјата поради големата несреќата во која животот го загубија 28 лица.

OhridNews