Охридското лево крило Крсте Андоновски заработи страотна повреда на носот на мечот со Металург Јуниор во деветтата рунда од Супер лигата.


Стратегот на охриѓани Горан Андоновски уште на стартот од мечот остана без услугите на Крсте Андоновски, кој со повреда се здоби во првата минута.

Дополнителните прегледи и снимки ќе покажат колку ќе паузира Андоновски или натпреварите ќе ги игра со заштитна маска.

Мх.П.