Страотна несреќа се случила синоќа на југот од Италија, кога автобус изгубил контрола, удрил во единаесет возила, излетал од коловозот и завршил во провалија длабока 30 метри.

Како што пренесуваат италијанските медиуми во несреќата животот го загубиле најмалку 38 патници, а десетмина ја преживеале катастрофата.

Засега не се знаат причините за несреќата, но се претпоставува дека на автобусот можеби му откажале кочниците.

Автобусот превезувал педесетина патници од околината на Наполи, кои се враќале од светилиште. Несреќата се случила на автопатот Наполи – Бари. Возачот се движел со голема брзина на надолнина и покрај предупредувањето за намалување на брзината. Тој загубил контрола удрил во повеќе возила, ја пробил заштитната ограда, по што автобусот слетал во провалија.

OhridNews