Голем верижен судир во кој учествувале 70-на возила се случил во Словенија во близина на главниот град Љубљана, јавуваат словенечките медиуми.
Полицијата потврдила дека најмалку четири лица го загубиле животот, а неофицијални информации говорат за пет жртви и десетици повредени.
Причина за несреќата е густата магла и намалената видливост. Поради несреќата сообрајаот е во прекин, а во двата правци има долги колони возила.
OhridNews