Деновиве, претставници на мисијата на ОБСЕ, на „The Balkan Trust for democracy“ и на Екуменска Женска Иницијатива од Хрватска остварија средби со претставници на Младински Совет Охрид. Странските гости изразија желба да ги поддржат активностите на оваа невадина организација.

Од ОБСЕ ја разгледаа програмата за превенција од дрога, алкохол и тутун и дадоа предлог таа да се најде на разгледување кај повисоките позиции во организацијата со цел да биде финансиски поддржана.

„Претставниците на ,,Тхе Балкан Труст фор демоцрацѕ“ од САД со големо внимание ја следеа презентацијата на нашите активности, а дадоа пофалби за успешната реализација на проектот Локални Акциони Младински Планови за Охрид и Струга. Тие  ја искажаа подготвеноста повторно да ги  поддржат и нашите идни активности“, велат од МСО.

Претставничките на Елуменска Женска Иницијатива од Омиш, Република Хрватска, кои беа донатори на Младински Совет за проектот ,„Трговија со луѓе, семејно насилство и родова сензибилизација“ се изјаснија дека се задоволни од постигнатите резултати од реализацијата на проектот. Тие  изразија желба да го посетат Охрид и Младинскиот Совет со цел да се запознаат подетално со активностите кои моментално се реализираат, но и со плановите за работа на полето на родовата еднаквост, насилството и трговијата со луѓе. Екуменската Женска Иницијатива вети дека ќе го помага Младинскиот совет и во превентивните активности насочени кон сузбивањето на насилството и трговијата со луѓе што се планирани во текот на идната година.

Ohridnews