Во содржината на пораката, на патниците им се препорачува кои локации да не пропуштат да ги видат за време на нивниот престој во Македонија, а меѓу нив се наведува и Музејот на вода во Охрид.
Како што соопшти Агенцијата за електронски комуникации, оваа иницијатива чија цел е промоција на културно-историските вредности и споменици во земјава, се реализира во соработка со операторите „Т-Мобиле” и „ОНЕ”.