И додека арамии ги пустошат македонските цркви пред очите на надлежните, странските донатори несебично се обидуваат да ни помогнат да го зачуваме културното наследство. Управата за заштита на културното наследство доби грант од САД во вредност од 650.000 долари за заштита на фрескоживописот во црквата Св. Богородица Перивлепта. На спасување на оштетениот фрескоживопис ќе работи американски тим, а проектот според најавите ќе започне догодина.
црквата Св. Богородица Перивлепта
Фрескоживописот во црквата Св. Богородица Перивлепта се смета за еден од најзначајните од византискиот период, но поради влага направени се големи оштетувања на северниот ѕид и доколку брзо не се интервенира , стручната јавност стравува дека постои опасност дел од фреските засекогаш да бидат изгубени.