По осумгодишни напори да ја посетат Македонија како туристичка дестинација, со директен чартер лет , денеска во Охрид пристигна првата група од 214 Израелски туристи, од кои 170 се сместија во хотелот “Метропол”. До крајот на октомври се очекува тие да остварат околу 7 илјади ноќевања во Охрид.


традиционално добредојде за израелците

       
Гостите од Израел во хотелот ” Метропол” денеска беа дочекани на традиционален, охридски начин, со локум. Менаџерот во хотелскиот комплекс Метропол- Белви, Боро Тасески  вели дека е направен максимумот, гостите да имаат одлични услови за престој во Охрид. Според него, немањето директни чартер летови до Охрид, било причина што Израелците досега не го користеа градот како туристичка дестинација. “Високите авио карти годиниве наназад ги одвлекуваа не само израелските, туку и германските и другиот гости од странство”, додава Тасески. Тој појаснува дека цените на хотелските аранжмани сепак се пристапни.


Боро Тасески


” Веќе осум години се трудиме, ние и македонските туристи кои заминуваат во Израел, да ја промовираме Македонија во нејзиното најдобро светло, а во тоа и успеавме. Бевме упорни, а упорноста ја научивме токму од Израелците”, изјави Арсеније Јаневски, од туристичката агенција ” Компас”.


Арсеније Јаневски

       
Туристичките водичи се од Израел. Од 20-ти овој месец, тие се во Охрид  и ја подготвуваат маршутата. Според Хедва Луис од туристичката агенција ” Ешат турс”, Израелците  најпрвин ќе го посетат стариот дел на Охрид, а потоа и Галичица, Маврово, како и Битола, кој, како што рече таа е град, познат во Еврејската историја.


За израелците се подготвени повеќе интересни екскурзии

       
Втората тура од Израел во Охрид се очекува на 30-ти мај. Во Охрид ќе престојуваат  и ВИП гости,  повеќето од нив сопственици на големи компании кои планираат своите вработени да ги наградат со организирано туристичко патување до Охрид.


израелците пристигнаа

       
Познавачите на туристичките прилики, велат  дека Израелците не сакаат да патуваат  со авион повеќе од два часа,  а толкав е патот од Тел Авив до Охрид.  Тие бараат и високо ниво на безбедност при слетувањето и престојот, а имаат и посебен начин на исхрана, така што не ја мешаат млечната со  храната од месо.

ohridnews