Директорот на српската владина Канцеларија за е-Управа, Михаило Јовановиќ, која е надлежна за примање барања и одредување на термини за вакцинација во Србија, ги повика граѓаните на соседните земји, меѓу кои е и Северна Македонија, кои немаат закажано термин за вакцинација, да не доаѓаат во Србија, бидејќи нема да бидат вакцинирани, јави дописникот на МИА од Белград.
Јовановиќ потсети дека има договор меѓу стопанските комори во регионот за вакцинирање на бизнисмени, и сите што се пријавиле на тој начин и добиле термин преку порталот на е-управа, ќе бидат вакцинирани.
Исто така, на порталот за е-управа, покрај српските државјани, странските државјани со и без престој во Србија можат да го изразат својот интерес за вакцинација против КОВИД-19, по што преку е-маил и мобилен телефон добиваат термин.
Сите други треба да знаат дека, ако немаат закажан термин, нема да можат да се вакцинираат, изјави Јовановиќ за Танјуг.
OhridNews
Во Ниш утрово вакцинирани повеќе од 300 македонски биснисмени