Деновиве во посета на Македонија се врвни меѓународни стручњаци од Италија за заштита на културното наследство. Целта на посетата е да се изврши увид во состојбата на архитектурата и фрескоживописот во средновековните цркви во Македонија, меѓу кои спаѓа и црквата Света Богородица Перивлепта. Од стручњаците се очекува да дадат насоки како треба да се постапи за да се спасат загрозените фрески.

Минатиот октомври амбасадата на САД и Министерството за култура потпишаа договор за доделување грант во висина од 6650. 000 американски долари за заштита и конзервација на црквата. Потпишан е и договор со европската комисија за ревитализација и заживување на целиот комплекс.  

Инаку, црквата Св. Богородица Перивлепта се смета за врвно дело на византиската архитектура. Ја изградил војсководецот Прогон Згур во 1295 година. Особено е значајна поради уникатните фрески насликани од врвните мајстори Михаил и Евтихиј Астрапа од Солун, кои поради оштетувањата на покривот и фасадата сега се во многу лоша состојба.

OhridNews