Министерството предлага, одобрение за употреба на градбите и вршење на технички преглед од страна на комисија да се издава само за градбите од прва и втора категорија, а за останатите градби истите да се ставаат во употреба врз основа на извештај за извршен технички преглед од надзорниот инженер. Со предложните измени, исто така, се предлага како урбана опрема да се сметат и типски објекти за вршење на туристички, културни и спортско рекреативни дејности.
Се врши и допрецизирање на одредбите со кои е регулирано дека и странски правни лица, под исти услови како и домашните правни лица, ќе можат да учествуваат во постапка за градење на градби.
Пропишани се прекршочни санкции за лицата кои ќе постават урбана опрема – тераси со или без настрешници и покриени или непокриени шанкови, без одобрение за поставување на урбана опрема или спротивно на одобението за поставување. За прершување на овие одредби се предвидени санкции со глоба во износ од 5.000 до 7.000 евра во денарска противвредност која ќе му се изрече за прекршок на правно лице, како и глоба во износ од 2.000 до 4.000 евра во денарска противвредност за одговорното лице во правното лице. Глоба во износ од 4.000 до 6.000 евра се предвидува за физички лица – трговци поединци.