На крајот на минатата година, државата во вид на траен влог ги презеде долговите за неисплатени плати и придонеси на вработените во охридски ЕМО. Од страна на пратениците во македонското Собрание, беше усвоен Законот за претворање на побарувањата на Република Македонија по основ на јавни давачки во траен влог во АД ЕМО Охрид. Со него се предвидува со отпремнина компанијата да ја напуштат околу 1000 вработени, а на работа ќе останат 500 до 600 вработени.
Според проценките на Владата за реализација на предложениот пакет мерки за спас на „ЕМО“, ќе бидат потребни околу седум милиони евра.
Државата која е доминантен сопственик на акциите на АД „ЕМО“ претходно шест пати се обиде да ја продаде компанијата по пат на тендер, но сите обиди завршија со неуспех.