По барање на УЈП, Основниот суд Скопје поведе претстечајна постапка и за телевизијата А2. За претстечаен управник е поставен Ацо Петров, кој за „Макфакс„ ја потврди информацијата.


„До 2 септември ќе се подготвува извештај за економската состојба на телевизијата и тогаш ќе знаеме дали и А2 ќе оди во стечај. Претстечајната постапка не значи дека телевизијата сигурно ќе оди во стечај“, вели Петров за „Макфакс“.

Последниве два дена медиумите наголемо пишуваа за продажба на телевизијата. Неофицијално се спомнуваат турска и американска компанија, а се калкулира и со името на Фијат Цановски и сопругата на Велија Рамковски, Мазес Рамковска.

“Извор Макфакс“
Ohridnews