Странски и домашни експерти ќе го развиваат еко-туризмот на Галичица
20.05.08 14:13
Претставници на Факултетот за туризам и угостителство – ФТУ од Охрид и Националниот парк „Галичица“ денеска потпишаа Меморандум за разбирање. Со меморандумот се предвидува соработка помеѓу овие две институции во развојот на спортскиот, културно-историскиот и еко туризмот, како и едукација и обука на туристички водичи и агенции. „Целта е Националниот парк „Галичица да биде ставен во функција на туризмот“, истакна на потпишувањето, Зоран Ангелоски, раководител на НП „Галичица.
НП Галичица и ФТУ потпишаа меморандум за соработка
Професор д-р Сашо Коруноски, од ФТУ – Охрид истакна дека потпишувањето на меморандумот за разбирање, претставува голем исчекор за факултетот кој има научен и стручен потенцијал кој чека да се докаже и помогне. Стручниот тим од ФТУ – Охрид заедно со експерти од странство ќе биде вклучен во научното истражување на потенцијалите на националниот парк што ќе се спроведе во периодот од јуни до септември оваа година. Целта на истражувањето е да се утврдат состојбите и насоките на идниот развој на националниот парк како туристичка атракција, истакна Никол Хослер. Таа и Фил Дитрих се експерти-консултанти на германската КФВ банка за обнова и развој која го подржува проектот за заштита и промоција на туристичките потенцијали на националниот парк Галичица. Според странскиите експерти Галичица има извонредни можности за развој на еко туризмот, што во голема мерка ќе ја збогати и надополни туристичката понуда на Охрид која сега се сведува само на плажите и Езерото.
Галичица има голем туристички потенцијал смета научната јавност
Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) заедно со туристичкиот сектор од 05 до 07 февруари 2025 година ги претставува македонските туристички потенцијали на Интернационалниот туристич...
На одделението за Гинекологија и акушерство при Општата болница Охрид дониран е нов апарат- кардиотокограф наменет за моноторинг на трудници со близначна бременост ЦТГ апаратот, како што информираа...
Со положување на цвеќе пред споменикот на Григор Прличев во училишниот двор на ООУ „Григор Прличев“ и панихида на гробот на Прличев во дворот на црквата „Св Богородица – Перивлепта“, продолжуваат ч...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.