На 19.04.2025 во 18 часот во ОВР Струга лишени од слобода биле 28-годишен жител на Tетово, 25-годишен турски државјани со привремен престој во Скопје, 25-годишен државјанин на Сенегал со привремен престој во Гостивар и 31-годишен германски државјанин.

Тие се сомничат дека за време на спортски натпревар одржан на 19.04.2025 во Струга, сториле кривични дела „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“ и „спречување на службено лице при вршење на службени дејствија“. По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти МВР.

Се работи за членови на ФК Гостивар кои незадоволни од резултатот 1:1 својот гнев, покрај другото, го истуриле и врз припадниците на МВР.

Тие ноќта ја минале во полициската станица во Струга.

Г.М.