СВР Охрид поднесе кривична пријава против еден босански државјанин и против двајца српски државјани поради постоење основи на сомнение за сторени две кривични дела „кражба“.
На 22- ри јули, во периодот од 00.30 до 03.00 часот во хотел на улица „Петар Чаулев“ , пријавените во згодна прилика извршиле две кражби во соби на фински и американски државјани, при што одзеле девизни средства, денари, мобилни телефони, камери и други предмети со што се стекнале со противправна имотна корист од околу 47.000 денари.
Од страна на судија од претходна постапка на пријавените им е одредена мерка притвор во траење од осум дена.
OhridNews