Охриѓани ја продолжуваат Европската одисеја.
 
Избраниците на Лазовски успеаја дефицитот од минус шест да го претворат во плус девет и како севкупни победници патуваат во Холандија во Ден Бош на двомеч со Ајфел Тауерс.

 – Влеговме до мечот, резултатски неоптеретени и  со желба да  се прикажеме во добро светло. Не размилслувавме многу за резултатот кој ете во финишот не припадна нам – вели Марјан Лазовски.

Совкоски беше играчот кој блесна во последната четвртина реализирајќи три тројки.: – Водевме во текот на целиот натпревар, моите тројки во финишот беа плод на воиграни акции. Во Охрид промашивме неколку удари за три , додека во Лашко тоа ни појде од рака.

Алеш Пипан, словенечкиот селектор на клупата на Лашко го призна поразот.
По првиот натпревар во Охрид ја предупредив екипата дека не е се готово. Во нападот игравме брзоплето, а лошо затворавме во одбраната. Не го заслуживме пласманот во второто коло.
 
Капитенот на Златорог Нејц Странд причината за поразот ја бара во непослушноста на екипата.
– Не ги послушавме инструкциите на тренерот, бевме многу нервозни и премногу солиравме. АМАК ги казни сите наши грешки.

Во второто коло од Евро Челинџ купот Амак ќе игра против Ајфел Тауерс од Холандија. Првиот натпревар се игра во Ден Бош на 4 Ноември. Реванш мечот е на 11 Ноември во Охрид.

Фото : Грегор Катич

М.Постоловски