Странците од 1 јули следната година ќе можат да купуваат земјоделско земјиште во Хрватска без ограничувања. Досега тоа беше можно само доколку странците имаа фирма во земјата, пренесува хрватски Пословни дневник.
Досега странците можеа да купат земјиште само доколку отвораа фирма во Хрватска, а од 1 јули следната година ќе можат да купуваат без ограничувања, изјави експертот за недвижности Санин Растовац за телевизијата Ен-1.
Тој додаде дека сè ќе биде полесно откако Хрватска од следната година ќе влезе во Шенген.
Хрватска сè уште е најевтина во Европската Унија во однос на цената на земјиштето, со околу 3.400 евра по хектар обработливо земјиште. Додека, на пример, во Словенија цената е во просек 20.000 евра по хектар. Најскапа е Холандија со 70.000 евра, забележува Пословни дневник.
OhridNews