Вчера вечер во 20:25часот Планинската спасувачка служба – ПСС при Црвен крст Охрид, преку СВР Охрид добила дојава дека, на територијата на НП Галичица, изгубени се две лица, странски државјани.
Оперативниот центар на ПСС веднаш ги алармирал волонтерите, стапил во контакт со изгубените. Со помош на GPS координатите од нивниот мобилен телефон, била одредена локацијата, на 1,5км југоисточно од с.Пештани, по што започнала акцијата за нивно безбедно извлекување.
Поради тешко пристапниот терен и густата вегетација на тимот му биле потребни два и пол часа да стигне до лицата и уште околу два часа за нивна безбедна евакуација.
Акцијата успешно завршила 30 минути по полноќ, информира Црвениот крст.
OhridNews