Кошаркарите на АМАК СП стигнаа до највисоката победа остварена на домашен терен.“Белите“ до врв го наполнија кошот на скопјани на мечот кој започна со пол часовно одложување поради задоцнувањето на гостите од Скопје. “Загреани“ од автобус директно на паркет “соколите “ одлично се спротиставија и во првите 5 мин. имаа минимална предност.
од автобус на паркет
Полека “белите“ ги преземаа работите во свои раце и по онај спор старт се загреаа Стојаноски и Фрај кои до полувремето искомбинираа 26 поени за пристојна предност.
Вториот дел Гацов и даде шанса на клупата, а одредени играчи одлично ја искористија дадената прилика. Ѓорѓоски го предводеше Б тимот на АМАК со 18 поени додека комплетната екипа успеа да се запише во листата на стрелци.
АМАК СП – Карпош Соколи 102:62 (26-17 , 23-15 ,24-9 , 29-21)
К. СОКОЛИ : Маринковски2 ,Митков 2 ,Рамадан 8, Нешовски 18, Тодороски14, Германски 2,Попивода
Златковски 7 , Кацарски