Неколку стотици луѓе загинале, а околу 300 семејства останале без своите домови, по одронот на земја во градот Санта Марија де Тлаухитолтепек во Мексико, пренесува „Макфакс“, повикувајќи се на информации од „Гардијан“.

Надлежните не наведуваат колкав е бројот на жртвите, но медиумите шпекулираат дека бројката на загинатите изнесува повеќе од илјада.

Земјата почнала да се рони околу 4 часот наутро по локално време, додека луѓето спиеле.

Во спасувањето на населението учествува и мексиканската војска, а обилните врнежи од дожд предизвикале и лизгање на земјиштето во уште неколку мексикански градови.