Ладната вода во Северното море, со температура од само 13 степени Целзиусови, не им пречела на повеќе од 300 голи капачи да се обидат да го соборат светскиот рекорд. Учесниците се собрале во заливот Друриџ, во надеж дека ќе го соборат светскиот рекорд поставен претходно оваа година на Флорида, кога 800 голи капачи учествувале во акцијата. На нивна несреќа, не успеале во тоа, со оглед дека се поавиле само 300 капачи, но тоа не ги спречило да искапат во ладната вода во Северното Море.

Организаторот Џекс Хигинсон вели дека и покрај несоборувањето на светскиот рекорд, манифестацијата ја смета за успешна. Изјавил дека се минало во најдобрар ред и дека ова е трета година како организираат „голо капење“, и како се надева дека од година во година ќе има се повеќе учесници.