Во Охрид во тек е кампања за борба против хепатитисот, во чии рамки се спроведува бесплатно тестирање. Според организаторите, граѓаните на Охрид покажуваат голем интерес за тестирањето од хепатитис Ц, а особено помладите и средношколците.

„Задоволни сме  од тоа како тече акцијата во овие 4-5 дена. Одзивот е голем, првичниот број тестови, некаде околу 100 веќе се при крај, но во текот на наредните денови ќе добиеме нови бесплатни тестови така што тестирањето ќе продолжи и натаму“, ни изјави Сашо Точко, претседател на охридскиот Црвен Крст.

Тој упати апел до сите луѓе кои што на некој начин ризично се однесуваат да се тестираат од хепатитис. „Добро е секој да се тестира, зошто Хепатитисот е болест која тешко се дијагностицира и не дава симптоми, а после некое време кога ќе се открие може да биде фатална и затоа е добро е на време да се открие за да може да се лекува“, рече Точко.

Хепатитот Ц уште е наречен тивок убиец поради атипичноста на оваа болест која тешко се открива. Според податоците на Светската здравствена организација (СЗО) во светот повеЌе од 180 милиони луЃе се заразени со хепатитис Ц. Против хепатит Ц не постои вакцина, но болеста ефикасно се лекува доколку биде откриена навреме. Хепатитот Ц се открива со едноставен тест на крвта кој особено им се препорачува на лица кои интравенски користат дроги, или им е извршена трансфузија на крв пред 1990 г., имаат тетоважа или пирс, при својата работа се изложени на крв или дури ако користат туЃа четкичка или конец за заби.

Акцијата  за бесплатно тестирање од Хепатитис Ц, ја  организираат невладината организација „Опција“ Охрид, Заводот за здравствена заштита Охрид, Здравствениот дом, Општата болница и Црвениот крст- Охрид.

ohridnews