Повеќе стотини голи луѓе му позирале на во саботата на американскиот уметник Спенсер Туник и формирале „жива скулптура“ на еден швајцарски глечер, за да да го свртат вниманието на опасноста од глобалното затоплување.
Перформансот на њујоршкиот уметник Спенсер Туник, познат по фотографирањето на голи луѓе на јавни места ширум светот, имал за цел подигање на свеста за опасноста од климатските промени и ефектот на глобалното затоплување врз швајцарските глечери.
„Топењето на глечерите е неоспорен знак за глобалните климатски промени“, објавила организацијата за заштита на животната средина Гринпис, која била еден од организаторите на тој настан.
Гринпис укажува дека најголемиот број швајцарски глечери ќе исчезнат до 2080 година, доколку глобалното затоплување продолжи да се развива со сегашното темпо.
Температурата на воздухот била околу 10 степени целзиусови.
Ј.М.