Стотина изборни места поради непроодност на теренот не се отворени, информираше ДИК. Најчесто тоа се високопланински места каде интензивно се работи на расчистување на големиот снег.

-Теренот е исклучително тежок и не може да се стигне до некои избирачки места, изјави портпаролот на ДИК, Зоран Танески.

По сила на закон каде што прекинот на гласањето е подолг од 3 часа, гласањето ќе биде поништено. Освен проблемите со отворањето на избирачките места други проблеми или инциоденти не се евидентирани, информираше Танески.

OHRIDNEWS