Стотици членови на либанската вооружена група Хезболах, вклучително и борци и медицински лица, беа тешко ранети денеска кога експлодираа пејџерите што ги користат за комуникација, изјави извор од безбедносните сили.
Неименуван функционер на Хезболах рече дека детонирањето на пејџерот е „најголемото нарушување на безбедноста“ што и се случило на милитантната група во речиси една година војна со Израел.
It’s reported that possibly over a thousand Hezbollah terrorists were killed or injured when a cyberattack on their secure cellphones and pagers caused them to explode.
It’s almost… biblical.
Kaboom 💥 pic.twitter.com/QmK4tJyUsr
— Cheryl E 🇮🇱🇮🇱🇮🇱🎗️ (@CherylWroteIt) September 17, 2024
Локалните жители велат дека последната експлозија се случила 30 минути по првата, додека некои од нив се обидувале да откријат дали меѓу повредените има и членови на нивните семејства.
Израелската армија, која од октомври минатата година разменува оган со Хезболах, паралелно со војната во Газа, не го коментираше инцидентот.
OhridNews