Владата на последната седница го донесе Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за регистрирање на готовински прашања.

Со измените се пропишува законска обврска за приложување на фискалната сметка кон сметката која се сторнира. Ваквата обврска досега беше уредена со подзаконски акт и истата не секогаш беше почитувана од даночните обврзници поради што се предлага дополнување на законот со ваква одредба, како и глоба за санкционирање на непочитувањето на пропишаната обврск, информира Владата.

OhridNews