Реномираниот словенечки весник „Дневник“ од Љубљана, деновиве во рамки на  специјалната едиција посветена на европските аспирации на земјите од Југоисточна Европа,  објави сторија за Охрид.


На цела страница претставено е културно – историско наследство на Охрид и туристичките потенцијали на македонскиот бисер. Ова специјално издание е отпечатено во 105 илјади примероци на словенечки, англиски и германски јазик, а ќе биде дистрибуирано во сите земји на ЕУ и  од Југоисточна Европа, како и во повеќе меѓународни организации.

Ohridnews
извор:ohrid.gov