Во пандемиската 2020 година, Фондот на Холокаустот на Евреитe од Македонија започна проект под наслов “Животот на Евреите во Македонија”. Проектот, кој е делумно финансиски поддржан и од Министерството за култура, содржи документарен видео материјал снимен на повеќе локации низ земјата, меѓу кои е и Охрид.
Идејата беше да ги опфатиме сите градови низ Македонија, за кои имаме пишувани документи со кои се потврдува постоењето на Еврејските заедници. После многу патувања, интересни разговори со соговорниците, снимање и монтирање, проектот резултираше со вкупно 15 видео стории. Една од нив е посветена на животот на Евреите во Охрид.” – изјави Жаклина Мучева, претставник на Фондот на Холокаустот и организатор на проектот.
Покрај нејзиното име, во авторските потписи се кријат имињата и на Елена Левеска и Лилјана Лазаревска Мешковска.
Боите на нашиот град ги бранеа историчарот Д-р Павле Митрески, професор во пензија и Д-р Зоран Тунтев, редовен професор на Факултетот за туризам и угостителство.
Видео сторијата за животот на Евреите во Охрид можете да ја погледнете тука:
Сторија за Евреите во Охрид
OhridNews