Охридските борци од „Roots BJJ Ohrid“ забележаа две победи во исто толку борби на „King Marko Open MMA Challenge“ кој се одржа во Прилеп.
На победи се радуваа Ненад Ристевски и Марија Ристевска кои ги совладаа Бобан Цветаноски од Куманово односно Марија Јурукова од Прилеп.
За Ристевски ова е втора победа во борбите од ваков тип, а Ристевска со триумф дебитираше во ММА борбите.
Тренерите Благоја Трајчевски и Дејан Чолески имаат само пофални зборови за Ненад и Марија кои во одлично светло го преставија охридскиот тим.
OhridNews