– Мислам дека тука се работи за политичка одлука бидејќи екологистите се изјаснија дека со изградбата на патеката не се нарушува животната средина затоа што патеката ќе биде од песок и камен, а не од железо и бетон како некои плажи што државата ги издаде под концесија.-рече Петрески
Тој очекува проблемот да биде надминат и патеката да продиолжи да се гради, затоа што тоа е желба на граѓаните, а корист од тоа ќе има и туризмот.
– Се надевам дека Министерството за животна средина и Заводот и Музеј ќе смогнат сили и ќе ја повлечат забраната, затоа што тоа е барање на сите жители и од Грашница и од Воска, меѓутоа и од жителите на Варош и Канео, за реализација на идејата за поврзување на охридското пристаниште со населбата Воска, додаде Петрески.
Неодамна локалната самоуправа започна со уредување на крајбрежјето кај Грашница, со најава дека тука ќе се изгради патека и осветлување до плажата Лабино за која постојат одредени најави дека би можело да биде издадена под концесија.