Фудбалерите се заканија дека ќе ги бојкотираат средбите од 5. коло во Серија А лигата, доколку барањата не им бидат исполнети. Тие поставија 7 барања како услов за прекинување на најавениот штрајк, а истите беа прифатени од фудбалската лига на Италија.
Сепак, медиумите велат дека конечен договор по сите 7 точки не е постигнат. Се зборува дека целосно се прифатени 5 барања на синдикатот на фудбалерите, а за уште две дополнително ќе се разговара.