Секторот за внатрешни работи Охрид, против лицата Н.К. роден 1957 година, стопанственик од Пештани и Д.С. роден 1958 година од Елшани, порано вработен во АД „ЕСМ“-Охрид поднесе кривична пријава поради основано сомнение дека сториле кривични дела „Тешка кражба на дрзок начин“и „Помагање во извршување на тешка кражба“.

Првопријавениот Н.Т. од Пештани, во периодот 2003 и 2004 година, со помош на второпријавениот, за својот деловен објект – вила,  неовластено извршил приклучок на електричната инсталација на мрежата од јавното улично осветлување поточно од трафостаницата „Пештани-1“   и од 2006 година, започнал неовластено користење на електрична енергија од јавната улична мрежа без да плаќа надоместок односно без да се мери и регистрира потрошената енергија преку електричното броило. Пријавениот, притоа го довел во заблуда вработениот електричар во неговата фирма и му наложил, да изврши поврзување на електричните инсталации, каблите од рефлекторите, сијалиците и другите електрични уреди монтирани во уште еден негов деловен објект, објаснувајќи му дека од раководните лица во ЕСМ-Охрид има одобрение за приклучок заради осветлување на просторот околу улицата и центарот на населбата. На тој начин, пријавениот Н.Т. извршил кражба на електрична енергија од јавната улична мрежа со што се стекнал со противправна имотна корист од 296.094 денари или околу 5000 евра на штета на Општинскиот Фонд за комунален развој и жителите на Пештани.

Второ пријавениот Д.С. како електро-монтер и раководител на активностите на реконструкција на електромрежата во Пештани, поставил и пренасочил доводен кабел под напон кој неовластено го спровел до објектот на првопријавениот, повторно го вратил и го споил односно приклучил на столбот од уличното осветлување.

извор: СВР Охрид

Ohridnews