Под мотото “ЈАС ЈА ЗАПИРАМ ТУБЕРКУЛОЗАТА!” Црвен крст Охрид во соработка со НВО Опција-Охрид, ќе го одбележат 24 март, Светскиот ден за борба против туберкулозата.
По тој повод утре ќе се одржат типизирани предавања во основните, средните училишта и факултетите во Охрид. На пладне на плоштадот „Кај Чинар” активистите на Црвен крст Охрид и Опција-Охрид ќе делат едукативни летоци, во кои се наведени фактите за туберкулозата (начин на инфицирање, знаци на болеста, дијагностицирање, лекување, превенција…). Исто така од страна на стучни лица, лекари ќе бидат давани корисни совети за правилен начин на живеење, избегнување на ризиците, како и препознавање на лицата кои ризично се однесуваат во насока на појава на туберкулоза,