Холандските власти пресекоа и донесоа одлука за забрана организирање на јавни собири помеѓу кои спаѓаат спортските настани. Забраната трае до 1 септември.
Челниците на холандската „Еридивајс“ лига посакуваа лигата да продолжи иако екипите беа против таквиот предлог бидејќи нема услови за тренинг, а уште помалку за фудбал.
Подобро е бидеме внимателни отколку да жалиме подоцна. Сакам да кажам дека може да се организираат јавни собири, но тоа нема да биде искрено. Може да биде опасно и со страшни последици. Малку се подобрува ситуацијата со коронавирусот во Холандија, но далеку е од идеална за масовни собири. – изјави холандскиот премиер Марк Руте.
Холандската фудбалска федерација ќе има полни раце работа одлучи кој ќе биде шампион и како ќе ја финишира сезоната. Ајакс и АЗ Алкмар се на делба на првата позиција.
Во Холандија регистрирани се 34 000 позитивни случаи на коронавирусот, а 4 000 луѓе се починати.
OhridNews