Капетанот Љупчо Настоски и одговорните во капетанијата вршеа контрола кај мостот, а на чамците, глисерите и бродовите кои не ги исполнуваа законските прописи не им беше дозволено да испловат.
Некои без приговор ги прифаќаа забелешките на Капетанијата, а имаше и такви кои влегуваа во вербална расправија со капетанот Настоски кој им укажуваше на пропустите. Дел од нив не беа регистрирани, или не поседуваа соодветни ознаки, знаменца и слично, поради што не можат да пловат по Охридското Езеро.