Под мотото “Стоп за насилството во спортот“ , на иницијатива на СВР Охрид беше одржана средба со охридските спортски клубови, како и преставници на невладиниот сектор во Охрид. На средбата клубовите беа запознаени со законските одредби и обврските на спортските клубови и организаторите на спортските натпревари и манифестации.
– Проектот значи уште еден обид на секторот за јавна безбедност кон превентивно делување , овај проектот е уште еден чекор напред кон зголемување на безбедност. Очекувам овај проект да донесе низа мерки и активности кои ќе значаат меѓусебна координација и координирање на сите субјeкти во спортот – рече потпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Целата на ваквите средби е да се запази концептот на “полицискотото работење со заедницата“. Бројот на нарушувањата на Јавниот ред и мир не е загрижувачки, но целта на ваквите проекти е превентивно делување а не примена на репресивна сила.
– Интенција на полицијата е да нема појавни облици на насилство на спортските натпервари. Нашата служба, оваа година има евиднетирано три нарушувања, сепак сметаме дека оваа бројка е голема и се надевам на подобра кородинација и елиминирање на сите појави на насилство – истакна Димоски
Спортските работници на средбата го искажаа задоволството од комуникацијата со полицијата и најавија нови средби на кои ќе се подигне нивото на соработката за исполнување на целта “Заедно до безбеден спорт“.
М.Постоловски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com