Традиционалните кафе-шопови, кои заедно со ветерниците, генијалните сликари и брилијантните фудбалери станаа заштитен знак во Холандија, секоја година на сметка на непречено пушење џоинт во специјални простории, привлекоа стотици илјади туристи. Но, на локалното население сепак благо речено им здосадиле, па едноставно одлучиле да ги затворат.
Први на нозе се кренале во Берген Оп Зум (првиот град кој во Февруари ќе стави клуч на бравата во некои кафе-шопови) и во соседен Русендал, кој неделно е посетен од повеќе од 25 000 туристи со само една цел – лесно конзумирање дроги во кафе-шоповите.