Италијанската влада донесе одлука по која се откажуваат сите спортски манифестации најмалку до 8 март во регионите најмногу погодени од корона вирусот.
Првично беше планирано натпреварите да се одиграат без публика, а потоа пет натпревари беа одложени меѓу кое и дербито Јувентус – Интер.
По распространувањето на вирусот федерацијата одлучи да го одложи комплетното наредно коло, а одложените мечевите од колото да се играат од понеделник 9 март. Постои можност дербито Јувентус – Интер да се игра во понеделник и тоа со гледачи на двата клуба.
Во среда во Торино Јувентус го пречекува Милан во реванш полуфиналето од Купот на Италија. За овој натпревар вратите ќе бидат отворени само за гледачите од регионот Пиемонт, додека за оние од Ломбардија влезот е забранет.
Ситуацијата во Италија со корона вирусот е алармантна, според новите бројки се работи за преку 1500 потврдени случи, меѓу кои и 41 жртва.
OhridNews