Најмалку до 30 април ќе паузираат екипите во Премиер лигата и пониските лиги во Англија, вака одлучија на денешниот состанок луѓето од врвот во англискиот фудбал.
Првично рокот беше до 4 април, но ширењето на коронавирусот (ковид-19) не престанува и мораше рокот да биде продолжен.
Се обединивме за здравјето на сите кои работиме во англискиот фудбал. Одлуката ја донесовме за доброто на сите. Штом се сторат услови за фудбал, ние, веднаш ќе почниме да играме. – стои во соопштението од англичаните.
Англиската фудбалска федерација по брзо постапка го промени правилникот во кој стоеше дека сезоната мора да заврши до 1 јуни. Сега нема определен рок за завршување на сезоната.
OhridNews